
Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 18 Октомври 2019

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на вчерашните протести е забележано најголемо насилство во изминатите години.
Мирните протести излегоа од контрола кога радикални сепаратисти почнале да палат автомобили и столици во кафулињата во монденската улица Рамбла де Каталунија во срцето на градот.
Полицијата се обидела да ги одвои демонстрантите од стотината приврзаници на крајната десница Шпанско единство, што ескалирало со насилство.
Демонстранти од повеќе градови во Каталонија тргнаа во средата на протестен марш со намера до денеска да стигнат во Барселона, а синдикатите повикаа да се одржи генерален штрајк.
Протестите почнаа во понеделникот кога Врховниот суд во Мадрид осуди девет поранешни каталонски политичари и активисти на казни од девет до 13 години затвор, поради нивната улога во неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година.
Поранешниот потпретседател на каталонската влада, Ориол Жункерас, е осуден на 13 години затвор за бунт и злоупотреба на јавните фондови заради организирање на референдумот за независност на Каталонија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
