УДАР ЗА БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР: Парламентот гласаше за одложување на одлуката за „Brexit“

Британскиот парламент повторно го одложи Брегзит. Европратениците усвоија амандман за одложување на напуштањето на ЕУ сè додека не се донесе целосното законодавство.

 


Веднаш по гласањето, премиерот Борис Џонсон рече дека денов бил важен и исклучителен, но значењето е одземено од гласањето за амандманот на Летвин, со што се спречува поддршка за договорот се додека не се донесе целата законска регулатива.

 

 „Најдоброто нешто за Велика Британија и за цела Европа е што оставаме до 31 октомври со овој нов договор. Јас нема да преговарам за одложување со ЕУ, ниту законот ќе ме обврзува да го сторам тоа. Ќе ја известам ЕУ дека понатамошните одложувања ќе бидат лоши за оваа земја“, рече Џонсон. И најави дека следната недела владата ќе ги достави до Парламентот сите потребни закони за да и се овозможи на земјата да ја напушти ЕУ на 31 октомври.

 

Амандманот на Летвин, кој е изгласан од парламентот, го обврзува Борис Џонсон да побара од ЕУ да го одложи Брегзит, сè додека не се донесат сите потребни закони во парламентот за да се спречи заминување без договор.

 

Лидерот на лабуристите цврсто изјави дека премиерот мора да се согласи со законот и го повика да размисли внимателно за тоа што им го кажал на пратениците затоа што, според него, Џонсон е подготвен да го прекрши законот кој штотуку е донесен. Друг пратеник се закани дека ако премиерот не успее да ја исполни волјата на парламентот, ќе заврши на суд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.