Курдите тврдат дека шпион му ги украл гаќите на ал-Багдади за да биде идентификуван
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 29 Октомври 2019
Лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, е идентификуван со помош на ДНК анализа на неговите гаќи кои му ги украл курдски шпион пред да биде убиен, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извор од Сириските демократски сили предводени од Курдите.
7- Terrorist Abu al-Hassan was on a special mission to Jerablus to secure Al Baghdadi’s transfer to his new home. There was a plan B to target Al Baghdadi in his new home if he had moved before the planned strike in Barisha. Abu al-Hassan was closely monitored by SDF intelligence
— بولات جان Polat Can (@PolatCanRojava) October 28, 2019
Полат Кан, виш советник на курдската полиција, до детали објаснил како нивните разузнавачки служби им помогнале на Американците да го лоцираат и да го идентификуваат ал-Багдади.
„Нашиот извор, кој беше во можност да стигне до ал-Багдади, ни ги донесе неговите гаќи за да направиме ДНК анализа и да бидеме 100 отсто сигурни дека станува збор за ал-Багдади“, рекол Кан.
Според него, неколку часови биле во прашање пред акцијата на специјалците на САД и преместувањето на ал-Багдади на нова локација.
Кан рекол и дека Курдите, за чија улога во лоцирањето, идентификувањето и убиството на ал-Багдади зборуваше и американскиот претседател, Доналд Трамп, работеле на случајот од 15 мај заедно со агентите на ЦИА.
„Ал-Багдади се спремаше повторно да ја смени локацијата, односно да се премести во градот Јараблус, кога се случи операцијата на американските командоси“ додал тој.
„Сите разузнавачки податоци како и идентификацијата и пронаоѓањето на неговото засолниште се резултат на нашата работа. Нашиот разузнавач испраќаше координати, ги насочуваше воздушните напади, учествуваше и направи таа операција да биде успешна до последен момент“, истакнал Кан.
Ал-Багдади беше убиен во неделата во американска воена операција во Сирија. Трамп откри неколку детали во однос на тоа како течела двочасовната операција за неговата ликвидација.
„Нашите кучиња го бркаа низ тунелот, а тој истрча и ги натера своите три деца да трчаат со него. Кога стигнаа до крајот на тунелот, активираше експлозивен елек, убивајќи се себеси и неговите три деца. Неговото тело беше осакатено, но утврдивме со анализа дека е дефинитивно тој. Негативецот, кој работеше толку напорно за да сее страв, во неговите последни моменти беше преплашен и во паника, исплашен од гонењето“, рече претседателот на САД.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс