(Вознемирувачко видео) Демонстрантите во Чиле запалија полицајка, објавена снимка

Крвавите протести во Чиле не запираат. За време на демонстрациите во главниот град Сантијаго, полицијата вчера со толпата се справуваше со помош на солзавец и водени топови, а демонстрантите одговорија со различни средства, вклучувајќи и молотови коктели.

 

Со нив биле погодени и две полицајки кои завршиле во болница.

 

Тие биле погодени во пределот на главата, а особено шокантни се фотографиите и снимките од една од нив, на кои се гледа целиот ужас низ кој поминува полицајката додека нејзините колеги се обидуваат да ја изгаснат.

 

Повредени се 20-годишната Абигејл Каталина Абурт Кардењас и нејзината пет години постара колешка, Марија Хозе Хернандез Торес, и двете припаднички на специјалната полиција на градот Сантијаго.

 

Нив во болница ги посети министерот за внатрешни работи Гонзало Блумел, кој го осуди нападот.

 

Протестите во Чиле започнаа кон средината на октомври поради порастот на цената на билетите за метрото во главниот град, но набрзо прераснаа во израз на општо незадоволство од владеењето со земјата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.