Два земјотреса утрово во Босна и Херцеговина
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 01 Декември 2019
Два земјотреса рано утрово ја потресоа Босна и Херцеговина. Епицентарот на потресите бил на местото на епицентарот на неодамншениот потрес, кој пред неколку дена ги исплаши жителите на оваа земја.
Првиот бил во 4 часот утрово со интензитет од 4,1 степени по рихтер на длабочина од 2 километри. Епицентарот му бил на 5 километри од Невесиња, 67 километри од Дубровник и 71 километар од Сараево.
Другиот земјотрес бил послаб со интензитет од 2,9 степени по Рихтер со епицентар на 18 километри од Невесиња, 56 километри од Сараево. Двата потреси се почувстувани во Далмација.
Земјотрес синоќа ја погоди и Албанија со јачина од 4,2 степени по Рихте. Епицентарот на потресот беше на 39 километри северозападно од Тирана на длабочина од 10 километри.
Потресот беше почувствуван и во нашата земја, но со послаб интензитет.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс