Синоќа имаше нов земјотрес во Албанија
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 01 Декември 2019
Нов земјотрес синоќа ја стресе Албанија. Според податоците, околу 22 часот во Албанија е регистриран потрес од 4,2 степени по Рихтер.
Епицентарот на потресот бил на 39 километри северозападно од Тирана на длабочина од 10 километри.
Потресот бил почувствуван и во земјава, но со послаб интензитет.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс