Првиот Јапонец кој бил заразен со коронавирус е успешно излечен

Првиот Јапонец кој е заразен со коронавирус во земјата, денеска е отпуштен од болницата, јави ТАСС, повикувајќи се на агенцијата Кјодо.

 

60-годишниот возач на туристички автобус, кој беше примен во болница кон крајот на јануари, поминал на третман и бил излекуван.

 

Во Јапонија моментно има 89 случаи инфицирани со коронавирус, вклучувајќи 64 патници под карантин на бродот „Дијамант принцеза“ кај пристаништето Јокохама.

 

Кон крајот на декември, кинеските власти регистрираа епидемија на пневмонија предизвикана од коронавирусот во Вухан. Покрај Кина, заболувањето е пријавено во 24 земји. Бројот на заразени лица во Кина надмина 34.500, повеќе од 700 умреа, а повеќе од 2000 се закрепнати.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.