Нови 304 случаи на коронавирус во Србија, вкупно заразени 5.994 лица

Во Србија, според најновите податоци на Министерството за здравство, потврдени се 304 случаи на коронавирус, а тестирани се 3.462 лица.

Ова го зголеми вкупниот број на пациенти на 5.994 случаи.

Од нив 3.855 се хоспитализирани, а 126 се на респиратори.

Во Србија во последните 24 часа починаа уште седум лица,  со што бројот на починати од коронавирус во земјата изнесува 117.

Досега се излечени 637 пациенти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.