Кипар ќе ги плати трошоците за одмор на сите туристи кои ќе заболат од Ковид-19
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 28 Мај 2020
Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе остане позитивен на коронавирус во текот на посетата.
Според Би-би-си, владата објавила писмо во кое се вели дека во ваков случај ќе ги покрие сместувањето, лековите и храната за пациентите и нивните семејства.
Заразените туристи ќе имаат само трошоци за авионски билети за Кипар и назад до дома.
Станува збор за пакет мерки со кои Кипар се обидува да привлече посетители на островот во кој има 939 случаи на коронавирус и 17 смртни случаи.
Туризмот учествува со околу 15 проценти од БДП на земјата, така што владата се надева на туристички посети што е можно поскоро.
„Влијанието на вирусот е огромно, се обидуваме да направиме што е можно повеќе за остатокот од сезоната“, рече заменик-министерот за туризам Савас Пердиос, кој додаде дека властите вложуваат вонреден напор за спречување на вирусот.
Официјалните лица исто така велат дека ќе биде формирана болница со 100 кревети за сите туристи кои се разболеле на Кипар, како и неколку хотели кои ќе служат како карантини за семејствата на заразените.
Кипар планира да ги отвори аеродромите за земји со низок ризик како Германија, Израел и Малта на 9 јуни. За патници од Русија и Велика Британија аеродромите ќе бидат отворени во јули.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс