Доналд Трамп е примен во болница
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 03 Октомври 2020
Доналд Трамп беше примен во воена болница помалку од 24 часа откако кај него беше дијагностициран КОВИД-19.
74-годишниот американски претседател е преместен во посебна просторија во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид во Мериленд и ќе остане таму во следните неколку дена како мерка на претпазливост.
Лекарите на шефот на државата побарале тој да биде пренесен во болница во случај да му треба итна помош, имал лесна треска. Како што пренесуваат америскнските медиуми лекарот информирал дека Трамп се лекува со експериментален коктел против КОВИД-19. Лекот се администрирал интравенски. Покрај човечки антитела против вирусот, тој содржел и цинк, витамин Д, мелатонин и аспирин.
https://www.facebook.com/watch/?v=4053067274722609&t=11
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс