ДОКТОРОТ НА ТРАМП: Неговото здравје се подобрува, но тој сè уште не е надвор од опасност

"Здравјето на американскиот претседател Доналд Трамп се подобрува. Тој нема треска, но сè уште не е надвор од опасност", изјавил неговиот лекар Шон Конли, цитиран од американските медиуми.

 

"Тој помина голем дел од попладневните часови извршувајќи ги своите должности, станувајќи и движејќи се без тешкотии. Рано е да се каже дека најлошото помина, но тимот останува претпазлив оптимист. Претседателот ја прими, без компликации втората доза на антивирусниот лек“, се вели во изјавата на Конли.

 

Тој појасни дека нивото на сатурација на кислород во крвта на Трамп е нормално во текот на целиот ден, флуктуира меѓу 96 и 98 проценти.

 

Специјалистите планираат да го продолжат текот на третманот денеска. Покрај тоа, претседателот добил доза на експериментален лек од фармацевтската компанија „Регенерон“.


Конли забележа дека во многу случаи, КОВИД-19 може да стане поопасен бидејќи телото на пациентот реагирало на инфекцијата. „Првата недела е најважна за утврдување на веројатен развој на болеста“, додаде докторот.

 

Изјавата на Конли беше објавена на Твитер од портпаролката на Белата куќа, Кејли Макенани.

 

Во меѓувреме, сомнителната торба ја поттикна полицијата во Мериленд да го затвори патот до медицинскиот центар Валтер Рид, каде што се лекува претседателот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.