Во Русија рекорден број на новозаболени од коронавирус

Во Русија 27.543 лица се разболеа од коронавирус, што е најголем број на нови случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, објави Центарот за борба против коронавирус.

Во истиот период, 496 лица починале од вирусот, пренесува TАСС.

Од почетокот на пандемијата во Русија 2.215.533 лица се разболеле од Ковид-19, а починале 38.558 лица, а повеќето случаи се во регионот на Москва.

Според официјалните податоци, од почетокот на пандемијата во Русија, 77,3 проценти од пациентите закрепнале од коронавирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.