Над 49 милиони луѓе го гледале интервјуто на Хари и Меган

Повеќе од 49,1 милиони луѓе ширум светот го гледале интервјуто на Опра Винфри со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл на телевизија или преку платформа за стриминг, објави американската телевизиска мрежа ЦБС.

Си-Би-Ес наведува дека бројот на гледачи продолжува да расте и додава дека во петок повторно ќе го емитува интервјуто во САД, пренесува Ројтерс.

Во интервјуто, војвотката од Сасекс рече дека некои членови на кралското семејство прашале колку ќе биде темна кожата на нејзиниот син Арчи, со оглед на нејзиното мешано расно потекло.

Британското кралско семејство пак соопшти дека е растажено кога дознало за искуствата на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл наведувајќи дека ќе ги разгледа прашањата поврзани со расата за кои парот зборуваше во интервјуто.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.