Бартоломе: Шпанија не го менува ставот за Косово, без оглед кој ќе го побара тоа

Ставот на Шпанија кон територијата на Косово е сè уште ист и не е променет - Шпанија не ја признава независноста на Косово и тоа е државна политика, изјави шпанскиот амбасадор во Белград, Раул Бартоломе.

„Шпанија нема да го смени ставот по прашањето на Косово, само затоа што тоа го бара една држава од нас“, рече Бартоломе по повод сè почестите повици не само од политичарите на Косово туку и од земјите на ЕУ за пет членки кои не го признаваат Косово да го сторат тоа.

Тој за „Новости“ го повтори ставот на неговата земја дека ќе го прифати само она што го прифаќа и Србија.

Шпанскиот амбасадор ја коментираше и неодамнешната изјава на првиот вицепремиер на Северна Македонија, Артан Груби, дека земјата ќе побара од Шпанија да го признае Косово, тврдејќи дека нема информации за тоа.

Бартоломе рече дека нема информации дека некој од ЕУ имал активности кон Мадрид насочени кон тоа Шпанија да ја смени својата позиција и да го признае Косово како држава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.