Ескобар: Постои силна согласност дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 30 Септември 2021
Ги охрабрував моите партнери од Европската Унија да испратат посилна порака дека земјите од Западен Балкан се и барани и потребни од Унијата, и јас ќе продолжам да ја пренесувам таа порака“, рече Габриел Ескобар, пратеник на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, пишуваат медиумите во регионот.
„Верувам дека постои силна согласност дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ“, истакнал Ескобар.
„Земјите од Западен Балкан се европски. Тие припаѓаат на Европа во културата, историјата и економијата“, додал тој.
Американскиот пратеник за Западен Балкан изјави денеска дека не ја исклучува можноста САД да назначат пратеник за дијалог. Во администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, тоа беше Ричард Гренел. Ескобар навел дека сега останува да се види дали тоа ќе се случи.
„Во меѓувреме, ќе работам како претставник на Стејт департментот во регионот, што го сметам за многу сериозно, и ќе бидам активен и отворен за наоѓање билатерални решенија во координација со ЕУ“, рече Ескобар.
Тој додаде дека е среќен што тензиите меѓу Белград и Приштина се смирија и дека двете страни се согласија за решение на ситуацијата на северот на Косово.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс