Омикрон е 4 пати позаразен од делта и успешно го избегнува имунитетот

Омикрон е 4,2 пати позаразен од делтата, покажува новото истражување на јапонскиот научник Хироши Нишиура, кој е и советник на јапонската влада.

Според Блумберг, ова е откритие што може да ги потврди стравувањата за високата заразност на новиот сој коронавирус.

 

 

Хироши Нишиура, професор на Универзитетот во Кјото, кој е специјализиран за математичко моделирање на заразни болести, ги анализирал податоците од геномот омикрон што стана достапен кон крајот на минатиот месец и дојде од јужноафриканската провинција Гаутенг.

„Омикрон е позаразен и поуспешно го избегнува имунитетот од болести или вакцинација“, рече Нишиура, кој ги претстави резултатите од својата студија на состанокот на Научниот совет на јапонското Министерство за здравство во средата.

Блумберг потсетува дека целиот свет е загрижен дека омикронот може да предизвика посериозни проблеми од делта, а Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека омикронот може да предизвика зголемување на бројот на новозаразени „со тешки последици“.

Студијата на Нишиура сè уште не е прегледана или објавена во научно списание.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.