Ново обраќање на Зеленски: Руската војска претрпе најголеми загуби во последните децении

Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку објави ново видео обраќање до нацијата на социјалните мрежи.

Зеленски вели дека руската армија претрпе најголеми загуби во последните неколку децении - тврдејќи дека 31 руски баталјон одред сега е неспособен за борба.

Тој бара итно ослободување на градоначалникот на Мелитопол, кој наводно бил киднапиран од руските сили, велејќи дека разговарал за ова прашање со француските и германските лидери.

- Ова е граѓанска војна. Ова е војна за нашата независност – рече Зеленски.

Зеленски вели и дека Украина соработува со Европската комисија за забрзување на нејзиното членство во ЕУ.

Тие се слушнале во главниот град Киев, Лавов на запад на Украина, Одеса на југ, Харков, како и во регионот Суми на североисток од земјата и Днепар на југоисток, пренесува Ројтерс.

Руските сили се прегрупираа во петокот, а сателитски снимки покажуваат дека артилериските сили се приближуваат до главниот град Киев.

Рано утринава новинарите на Си-Ен-Ен слушнале најмалку две експлозии во централниот украински град Днипро.

Потоа дојде веста за наводното гранатирање на онколошката болница во Миколајев на југот на Украина - што на Фејсбук го тврдеше шефот на регионалната здравствена управа на градот, Максим Безношенко.

Според украинското Министерство за надворешни работи, руските сили ја гранатирале џамијата во пристаништето Мариупол, каде се засолниле повеќе од 80 луѓе, меѓу кои и деца, но и турски државјани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.