
Зеленски посетил ранета тинејџерка во болница, таа му открила нешто што го насмеало
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 18 Март 2022

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, посети ранета 16-годишна тинејџерка во болница во Киев и од неа дозна дека е ѕвезда на „Ти-ток“.
Катја Власенко и нејзиното семејство беа цел на напади додека се обидуваа да побегнат од Киев. Според извештаите, Катја со своето тело го заштитила својот помал брат (8) за време на рускиот напад додека со автомобил бегала од родниот град.
Во четвртокот ја посети претседателот на Украина, кој беше пофален во целиот свет за неговата храброст, а таа му ја пренесе радосната вест.
„Сите те поддржуваат на 'Тик-ток'“, му рече Катја на претседателот, што го насмеа.
- Значи, го зедовме 'Тик-ток'“?, ја праша Зеленски.
„Сите зборуваат за тебе, сѐ е за тебе“, одговори таа.
Зеленски ѝ подари букет цвеќе додека девојчето лежеше во креветот.
„Не е лесно, но постапуваме правилно“, рекол Зеленски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
