Путин: Продолжување на договорот за жито по истрагата за нападот на Севастопол и безбедносните гаранции на Украина
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 02 Ноември 2022
Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека е можно повторно пристапување на Русија кон договорот за жито по истрагата за нападот на Севастопол и безбедносните гаранции на Украина, соопшти прес-службата на Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.
– Неопходно е да се спроведе детална истрага за околностите за обидот за напад врз инфраструктурата и бродовите на Црноморската флота во Севастопол, како и добивање реални гаранции од Киев за строго придржување кон Истанбулските договори, особено некористење на хуманитарен коридор за воени цели. Дури потоа би можело да се размислува за продолжување на активностите во рамките на Црноморската иницијатива – се наведува во соопштението на Кремљ, пренесува ТАСС.
Претседателот на Русија потсети и дека не е исполнет вториот дел од пакетот договор, кој требаше да го деблокира извозот на руски земјоделски производи и ѓубрива на светските пазари.
Ердоган му рекол на Путин дека Турција продолжува да ги презема неопходните чекори за решавање на проблемите поврзани со спроведувањето на договорот за жито.
Русија во саботата објави дека го суспендира своето учество во договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.
Договорот што го постигнаа Украина и Русија на 22 јули во Истанбул, со посредство на Обединетите нации и Турција, резултираше со извоз на неколку милиони тони прехранбени производи од пристаништата на Црното Море во Украина,пренесе Блиц.рс.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс