Русија испраќа нова лабораторија во вселената

Русија испраќа нова лабораторија до Меѓународната вселенска станица (ISS), пренесоа агенциите.


Мултифункционалниот лабораториски модул „Наука“ се планира да биде лансиран со леталото „Протон-М“ од космодромот Бајконур, кој се наоѓа во Казахстан.

Рускиот модул „Наука“ требаше да биде лансиран во вселената во 2007 година, но поради проблеми, испраќањето на лабораторијата беше одложено многу пати.

Летот до ISS се очекува да трае осум дена.

„Наука“ ќе се спои со рускиот дел на ISS на 23 јули, заземајќи го местото на модулот „Пирс“. Руските астронаути на ISS веќе го подготвија модулот Пирс за одделување од станицата.

Остатоците од модулот се очекува да паднат во Тихиот океан неколку часа подоцна.

„Наука“ тежи над 20 тони, а димензиите на модулот се 13 метри на 4,11 метри. Руските астронаути со помош на модулот ќе извршат низа научни експерименти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.