Нови комунални услуги за Аеродромци за почиста Општина
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 25 Јануари 2025
Жителите на Општина Аеродром отсега имаат можност да уживаат во нови, модерни и достапни комунални услуги, што ги воведува Јавното претпријатие за комунални дејности на општината. Со ова, Аеродром станува првата општина во Град Скопје што нуди ваков вид услуга.
Новите комунални услуги опфаќаат:
Транспорт на градежен шут (пакуван во вреќи), кабаст, растителен и комунален отпад од домаќинства, комерцијални и индустриски објекти, како и мешан отпад;
Машинско косење и чистење зелени површини;
Гребење и собирање искосена трева, како и отстранување отпад (камења, гранки и друго);
Поставување и подигање на контејнери за кабаст отпад со транспорт до депонија.
Приватни и правни лица ќе можат да ги закажат овие услуги на телефонскиот број 072/270-886 или преку е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., по минимален надомест.
„Собраниот отпад ќе се третира согласно сите законски регулативи и ќе се транспортира до депонијата „Дрисла,“ со која општината веќе има договор. Ваквиот пристап не само што ќе им го олесни секојдневието на жителите туку и ќе придонесе кон почиста и поуредена средина“, велат од Општината.
Со воведувањето на овие услуги, Општина Аеродром планира да стави крај на несоодветното фрлање отпад на несоодветни места. Затоа, инспекциските контроли ќе бидат зајакнати, а несовесното однесување ќе се санкционира со парични казни.
„Целта ни е да обезбедиме чиста и уредна средина за сите граѓани. Воведувањето на овие услуги е чекор напред кон одговорно управување со отпадот“, велат од Општина Аеродром.
Со оваа иницијатива, Аеродром поставува нови стандарди за комуналните услуги, поттикнувајќи одржливо управување со отпадот и подигање на свеста кај граѓаните.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс