Јавен повик од ТВ МТМ до операторите на јавни комуникациски мрежи

Јавен повик од програмскиот сервис - ТРД ТВ МТМ ДООЕЛ, регион Д1-Скопје

 

ТРД ТВ МТМ ДООЕЛ Скопје, која емитува програмски сервис преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс ја известува јавноста дека согласно последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, членот 141а, ставови 2 и 3, објавува Јавен повик до сите оператори на јавни комуникациски мрежи за склучување нов комерцијален Договор за реемитување на програмскиот сервис.

Почитувајќи ги позитивните законски прописи, а согласно член 141а, став 3 објавуваме дека имаме законско право на надоместок за реемитување на нашиот програмски сервис.

 

Цената за реемитување од 1 септември 2024 год. изнесува 2 денара+ддв од претплатата, која операторите на јавни комуникациски мрежи ја наплатуваат од граѓаните на територијата на која се емитува програмскиот сервис на ТРД ТВ МТМ - Регион Д1 Скопје.

25.06.2024


Со почит,
ТРД ТВ МТМ ДООЕЛ Скопје





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.