ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“ за ископ на јаглен
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 09 Јануари 2025
АД ЕСМ склучи договор со фирмата „Топлина“, за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола.
Станува збор за привремено ангажирање на економски оператор до изборот на изведувач на објавениот јавен повик за истиот предмет на набавка, за кој постапката за избор на изведувач е сè уште во тек.
„Изборот е направен со претходно добиена согласност од Бирото за јавни набавки испратена до АД ЕСМ на 17 декември, 2024 година, преку постапка со преговарање во случај на крајна итност, согласно член 55, став 1 од Законот за јавни набавки. Итноста се должи на потребата од обезбедување на доволни количини на јаглен за континуирано производство на електрична енергија во термоелектраните „Битола“- согласно планот за производство“, велат од ЕСМ.
За време на постапката, Комисијата за јавни набавки при АД ЕСМ, испратила покани до пет компании кои во последните пет години за истиот предмет на набавка во својство на самостојни понудувачи- редовно учествувале на јавните огласи за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК Битола. Најниска цена за услугите понудила фирмата „Топлина“. Според преговараните услови, избраниот изведувач ќе ги извршува задачите за околу 15 отсто пониска цена во однос на економскиот оператор со кој на почетокот на минатиот месец – РЕК Битола еднострано ја раскина соработката заради непочитување на одредбите од договорот.
АД ЕСМ ги потврдува своите заложби дека секој актуелен или иден економски оператор што ќе биде ангажиран во рудниците на РЕК Битола ќе биде задолжен да работи исклучиво во согласност со постојниот рударски проект.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс