Шпанија одвои 2,8 милијарди евра за регионите со коронавирус

Шпанската влада одобри пакет од 2,8 милијарди евра за поддршка на активностите на властите против економското влијание на коронавирусот, изјави премиерот Педро Санчез, цитиран од светските агенции.

 

По денешната вонредна средба на кабинетот, Санчез исто така најави дополнителни 1 милијарда евра за буџетот на Министерството за здравство, како и 14 милијарди евра за малите и средни претпријатија.

 

Владата ќе одобри дополнителни фискални и економски стимуланси во наредните недели за надминување на колапсот предизвикан од епидемијата на коронавирус, рече премиерот. Тој изрази уверување дека земјата наскоро ќе ја надмине штетата предизвикана од коронавирусот. Санчез истакна дека владата ќе ги мобилизира сите ресурси што ги има на располагање и ќе ги разгледа сите опции за да се спротивстави на епидемијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.