Започнуваат градежни работи за реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 15 Март 2023
Од ЈП Улици и патишта Скопје известуваат дека денес почнуваат подготвителните активности за реконструкција на коловозната површина на улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до улица „Нов Живот“, односно од првата улица за влез во гробишта „Бутел“ потег кој завршува до ул. „Нов Живот“ во рамки на границите на ГУП.
Првата фаза пред почетокот на градежните работи, како што информираат, е расчистување на просторот од двете страни на коловозот од отпад и грмушки околу трасата, со цел да се обезбедат услови за понатамошните активности, а во текот на наредните денови ќе започнат и со отстранување на старата и оштетена коцка на улицата (макадамски пат од гранитна коцка).
Со започнувањето на градежните активности кои ќе се одвиваат етапно, прво по едната коловозна лента, а потоа на другата, во текот на наредните денови ќе биде воведен и времен режим на сообраќај кој ќе важи до завршување на градежните работи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс