(Фото) Герасимовски: Градинката „Пролет“, изградена по светски стандарди, прва по 50 години, и финансирана од Општината

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека новата градинка „Пролет“, која е прва по пет децении, е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на дечињата и подостоинствени услови за работа на вработените.

 

 

„Градинката ‘Пролет’ е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Таа е енергетски ефикасна и модерна, која треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Се гордеам што инклузивноста и пристапноста на децата со попреченост е воспоставена во проектот на градбата. Градинката ќе располага со лифт и надворешно игралиште, до кое може да пристапат и деца со попречености. Изградбата се одвиваше според предвидената динамика, брзо и непречено. Во март се надевам дека дечињата од населбите Пролет и Маџир Маало ќе бидат згрижени во оваа предучилишна установа“, рече Герасимовски.

 

 

Новата градинка „Пролет“ има вкупна бруто-површина од 3.276 квадратни метри и целосно е финансирана од Општина Центар во висина од речиси 2,5 милиона евра.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.