
Герасимовски: Дебар Маало со серенади, вино и поезија ги прослави Свети Трифун и Свети Валентин
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 14 Февруари 2025

По повод празниците Свети Трифун и Свети Валентин, во Општина Центар се одржаа традиционалните „Дебармаалски средби и серенади“, манифестација која трае повеќе од 20 години.
„Оваа традиција е симбол на културното наследство, уметноста и боемскиот дух во срцето на Скопје, кој ние, центарци, со гордост го негуваме“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Како и секоја година, настанот започна симболично со закројување на лозница кај кафеаната „Кај Жабарот“, во чест на Свети Трифун, заштитникот на лозарите и винарите, а се испратија и пораки за мир и љубов. Манифестацијата продолжи низ познатите дебармаалски места и локали, каде се прослави со вино, музика и поезија.
Во поетската програма учествуваа истакнати автори и музичари, како што се Лидија Јеремиќ – Лучко, Мендо Димовски, Илко Димитриевски, Жаклина Димовска и Тања Стоилковска, Љупчо Ангелов, Верица Ристевска, Вики Среброва, Круме Спасовски и Ансамблот за народни песни Вања Лазарова. На настанот присуствуваа и ученици од ООУ „ Гоце Делчев“.
Градоначалникот Герасимовски им се заблагодари на сите учесници, а особено на организаторот Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“, предводено од уметникот Живко Поповски Цветин.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
