Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 100 мм на улицата Железничка б.б без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Железничка и Герман, Oпштина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.

Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Востаничка бр. 7А, во периодот од 10.30 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Востаничка во Oпштина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.