Стефковски и Трајановски на терен: Важна е соработката на централната и локалната власт

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски направија посета на регионалниот пат Р-1102 кој транзитира низ населени места во општината.

 

За време на посетата градоначалникот Стефковски и директорот Трајановски направија увид на акцијата за расчистување на вегетацијата покрај патот, кастрење на дрвата и косење на високата трева.

 

“Оваа акција е значителна за сите учесници во сообраќајот, бидејќи со истата возачите ќе имаат непречена видливост кон вертикалната и хоризонталната сигнализација која го регулира сообраќајот на регионалниот пат. Со задоволство можам да констатирам значителен напредок помеѓу соработката на единиците на локалната самоуправа и институциите на централната власт, нешто што во минатото не беше случај. Доказ за тоа е денешната акција која се реализира на барање на општина Гази Баба по кое Јавното претпријатие за државни патишта веднаш постапи за што му благодарам на директорот Трајановски” – истакна Стефковски.

 

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски нагласи дека исклучиво важна е соработката на институциите од централната власт со единиците на локалната самоуправа.

 

“Безбедноста во сообраќајот е наш врвен приоритет. Како институција изминатиот период реализираме акции за расчистување на вегетацијата на поголем дел од патиштата низ државата кои се под наша надлежност. Оддржувањето на патиштата е подеднакво важно колку и инвестирањето во изградба на нови патишта. Важна е соработката на институциите од централната власт со единиците на локалната самоуправа со цел создавање на услови за граѓаните безбедно и непречно ги реализираат своите секојдневни обврски. Институциите се тука за да им служат на граѓаните” – истакна Трајановски.

 

Акцијата ќе продолжи и во наредните денови. Истата ја спроведува ЈП Македонија пат по налог на Јавното претпријатие за државни патишта, а денес на истата се приклучија и екипи на ЈКП Гази Баба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.