Стефковски: Лага е дека советничката што ја напушти Левицата е предмет на политички пазар

На последната седница на Советот на Општина Гази Баба, членот на Советот, Марија Ѓошевска, која доаѓаше од редовите на Левицата, ја напушти партијата и изјави дека ќе дејствува како независен советник, кој ќе го поддржува развојот на општина Гази Баба, вели граоначалникот на општина Гази Баба, Боба Стефковски, во реакција на обвинувањата од Левицата.

 

„Изминатите денови претставници од политичката партија Левица, соочени со фактот за незадоволство во своите редови, кои се последица на деструктивното однесување на раководството на партијата, обвинуваат дека одлуката на советничката Ѓошевска е предмет на политички пазар, нешто што е целосна лага. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Твоја Македонија’ имаат стабилно мнозинство во Советот на Општина Гази Баба, кое го сочинуваат 16 од вкупно 27 советници, што самото по себе говори дека на мнозинството не му се потребни дополнителен број советници. Дадов јавна поддршка на одлуката на советничката Ѓошевска бидејќи таа ја препозна мојата визија, која носи напредок и развој на општина Гази Баба во секоја област. Доказ за тоа е и фактот што пред неколку месеци и член на Советот од советничката група на СДСМ ја напушти партијата и дејствува како независен советник, кој ги поддржува проектите што се реализираат за доброто на граѓаните“, се вели во соопштението од кабинетот на Стефковски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.