Стефковски: Ова е време на дела за Гази Баба
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 27 Септември 2024
Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово беше во посета на Стајковци каде што направи увид на градежните активности за асфалтирање на улица 3.
За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„Денешниот работен ден го започнавме со увид на градежните работи за асфалтирање на улица 3 во Стајковци. Жителите од оваа улица повеќе од 60 години газеле кал и земја. Дадениот збор пред граѓаните се исполнува! Ветив дека оваа улица ќе се асфалтира и денес тоа станува реалност! Реализираме инвестиции во патната инфраструктура како никогаш досега! Асфалтирани се повеќе од 70 локални улици во изминатите скоро три години од мојот мандат. Тука нема да застанеме! Продолжуваме понатаму! Ова е време на дела за Гази Баба! – напиша Стефковски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс