Општина Ѓорче Петров донесе забрана за користење мобилни телефони од страна на наставниците за време на наставата во основните училишта во општината.
 
Општина Ѓорче Петров изработи дата-база на податоци за социјалната состојба на територија на општината, која ќе послужи за аплицирање за проекти од областа на социјалата, а во иднина ќе влијае за подобрување и надминување на социјалните проблеми.
 
Најсовремена и најмодерна градинка во земјата, штедлив објект по сите стандарди, со капацитет од 175 деца поделени во осум занимални (од 0 до 6 години) во наредната година и половина се очекува да биде изградена во Волково, општина Ѓорче Петров.
 
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, и Ибрахим Суха Џем, директор на турската компанија АД „Џемдаг осветлување - производство и трговија“ потпишаа договор за јавно-приватно партнерство за модернизација на системот за јавно осветлување на територија на општината со лед-светилки.
 
 Александар Наумоски и СДСМ продолжуваат со хаосот кој го донесоа во Ѓорче Петров.
 

Ќе се уредува речното корито на Лепенец

Можностите за  реализација на проектот за „Регулација и уредување на речното корито на река Лепенец“ од граница на ГУП на Град Скопје до границата со Косово беа главна тема на која денеска разговараа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски.
 

Скопјанец починал од струен удар

Скопјанец починал вчера како последица од струен удар додека вршел градежни работи во семејната куќа во село Кучково во Скопје.
 

Без вода утре дел од Општина Ѓорче Петров

Поради реконструкција на водоводна цевка од фи 150 мм на ул. Кузман Шапкарев, утре без водоснабдување ќе бидат потрошувачите од истата улица како и улиците Беас Куле, Гостиварска и Анастас Коцарев, сите во Општина Ѓорче Петров.
 
Општина Ѓорче Петров денеска соопшти дека во рекордно време е реконструирана кујната во градинката „Росица“, објект „Детелинка“.
 
До крајот на оваа година треба се постави камен темелник на современиот клиничкиот центар во Општина Ѓорче Петров на излезот од Скопје покрај обиколницата на местоста викан Веле Поле. 
 
Продолжува чистењето на дивите депонии во Општина Ѓорче Петров. Екипите на општинската комунална служба продолжуваат со чистење на депониите кои се едни од најголемите загадувачи на животната средина.
 
 
Домот на култура во општина Ѓорче Петров од сега ќе можат да го посетуваат и лицата со хендикеп.
 

Дел од Ѓорче Петров в четврток без вода

facebook twitter google+ linkedin pinterest В четврток од 9 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Крсте Раковски", „Атанас Иљоски", „Вера Циривири – Трена", „Македонска преродба", „Шидска", „Јосиф Даскалов", „Никола Вукмировиќ", „Црногорска", „Ѓурчин Кокале", „Крушевска", дел од „Борис Сарафов", „Радушка" и „Ангел Винички".
 
Општина Ѓорче Петров, и оваа година традиционално, на први мај, кај крстот во с. Кучково ќе го одбележи Ден на крстот.
 
Учениците од основното училиште Димитар Поп Георгиев- Беровски и од гимназијата Кочо Рацин, општинската администрација на општина Ѓорче Петров, како и вработените во ЈП Комунална хигиена денеска ја расчистуваа депонијата во близина на гимназијата Кочо Рацин, во рамки на големата акција на ЈП Комунална хигиена која се одвива на многу локации во Скопје.
 
 
Основното училиште Мирче Ацев, 5 дена е домаќин на 18 наставници и ученици од Малта, Грција и Шпанија, во рамки на Еразмус плус програмата, во која општината е вклучена трета година.
 
facebook twitter google+ linkedin pinterest   90 деца од 5 до 17 години, машки и девојчиња се дел од овогодинешната Јувентус академија, која по втор пат се одржува во општина Ѓорче Петорв, во организација на фудбалската школа за деца Мондано.
 
60 најкреативни маски од шест основни училишта од општина Ѓорче Петров денеска беа дел од маскенбалот кој секоја година го организира општина Ѓорче Петров. Креативноста на децата, но и на родителите навистина нема граници, а во тоа се уверивме и самите. Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска сретнавме, кутија за пуканки, вазна со цвеќе, пролетни кралици, комити и индијанци. За најдобрите општината подготви и награди.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.