Ниту камион пропаднат, ниту дупка во фонтаната на плоштад

Во медиумите денеска се прошири вест дека повторно пропаднал камион на плоштадот Македонија.

Но, фотографијата е од минатата година, кога камион пропадна кај фонтаната.

Денешната фотографија, што ја објавија со вест, некои медиуми, беше постирана на Фејсбук-групата „Ѕид на сообраќајниот срам“. Дел од нив ја увидоа грешката и ја тргнаа објавата.

На фонтаната веќе одамна стои само црвено-белата сигнализација:

Вакви инциденти изминатите години имаше четири пати. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула. Во март 2021 пропадна камион за чистење на плочникот на ЈП „Комунална хигиена“. И лани во ноември, пропадна камионче на приватна компанија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.