(Видео) Шутаров: Проектот за БТР е одговорност на мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ

Кај Советот на Град Скопје избран во 2021 година лежи одговорноста за јавниот превоз во однос на новото модерно еколошко трансформирање од сегашниот јавен превоз, нешто сосема ново што ќе одоговори и ќе ги задоволи потребите на граѓаните на градот Скопје, истакна советникот на СДСМ, Гордан Шутаров, на денешната седница на Советот на Град Скопје.

 

Шутаров побара став од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, партија што сега ја практицира централната власт бидејќи за проектот БРТ има донесено закон во Собранието.

 

 

„Овој проект е одговорност на оваа централна власт, не може да нема став за нешто за што се добиени пари, течат камати за неисполнување на обврските, кои Владата треба да ги плати, за проектот што треба да добие зелено светло од Советот на Град Скопје“, рече Шутаров додавајќи дека финансиските обврски за БРТ, кој е европски проект, стануваат оптоварување и за Град Скопје и за Владата.

 

Шутаров нагласи дека СДСМ јасно, гласно, транспатентно и недвосмислено како и досега образложено ќе гласа за БРТ и за набавка на нови еколошки автобуси.

 

„Треба да почне постапка што ќе овозможи нови автобуси, не за ден-два, туку година-две, а овој Совет ќе го заврши мандатот. Ние треба да оставиме нешто позитивно за идниот совет на Град Скопје“, истакна советникот на СДСМ и запраша до каде е најавеното сервисирање на 30 автобуси, со оглед на тоа дека почнува учебната година, во тек се уписите на студентите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.