Екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви 334 записници во текот на минатата година
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 10 Јануари 2025
Во периодот јануари – декември 2024 година екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.
Како резултат на овие активности од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад. Најголем број записници, вкупно 138, се изготвени во скопската општина Чаир. Во текот на минатата година екопатролата реализира и секојдневни интервентни патролни дежурства на таканаречените црни точки – локации на кои е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. Повеќето од овие локации се наоѓаат во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.
„Во општина Чаир секојдневно непрописно се одлага отпад на булеварите Никола Карев (пластичарската улица, на аголот со улицата Максут Садик) и Крсте Мисирков (до ‘Зегин’ на Бит-пазар), како и улиците Џон Кенеди (до ООУ ‘Васил Главинов’) и Славеј Планина (во непосредна близина на скопското Теќе), а во општина Ѓорче Петров станува збор за повеќе локации на улиците Лука Геров, Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев и Македонска војска“, велат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс