Oтстранети 40 кубни метри отпад од диви депонии во скопската општина Чаир

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија повеќе диви депонии лоцирани во скопскaта Oпштина Чаир.

Интервенирано е на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, на булеварот Крсте Мисирков, како и на неколку локации во населбата Серава.

Во рамките на вчерашните активности беа подигнати вкупно 40 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавни и сообраќајни површини.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.