Без вода делови од скопски Карпош и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (среда), поради изведување на водоводен приклучок од Ф-300 мм на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.106, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (Oпштина Карпош)

-поради санирање на дефект на два затварачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на ул.Васил Чакаларов бб (Митрополит Теодосиј Гологанов), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (Oпштина Карпош)

– поради водоводен приклучок од ф 200мм на ул Иван Козаров бр 51 без вода ке останат корисниците од следните улици Иван Козаров, Боте Ботевски, Дичо Петров, Божидар Аџија, дел од ул Георги Димитров и дел од ул Вера Јоциќ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата (Oпштина Кисела Вода).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.