Општина Ѓорче Петров почнува со реконструкција на улица Црногорска 2-решавање на децениски проблем

Општина Ѓорче Петров денес официјално започна со реконструкцијата на улица Црногорска 2, како дел од долгогодишното барање на жителите на Дексион за подобрување на инфраструктурата во овој дел на општината. По децении на проблеми со старите и оштетени патишта, жителите на Дексион конечно ќе добијат нов изглед на улиците, што ќе обезбеди подобри услови за живеење, се истакнува во соопштението.

„Со оваа реконструкција започнуваме серија инфраструктурни проекти кои ќе ги подобрат условите за живот во целата општина. Реконструкцијата на улица Црногорска 2 е само првиот чекор во решавањето на деценискиот проблем на жителите од оваа област,“ изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Како што беше најавено, проектот продолжува со реконструкција на вкупно 5000 м² од улиците, а во оваа фаза реконструкцијата ќе продолжи на следните улици: ул. Андреа Зограф; ул. Љубин; ул. Александар Македонски.

Со овие реконструкции, Општина Ѓорче Петров не само што го решава долгогодишниот проблем со патиштата, туку и вложува во подобра и пофункционална инфраструктура, што ќе доведе до значајни подобрувања во животот на сите жители, нагласуваат од општината.

„Градежната офанзива во Општина Ѓорче Петров продолжува. Ова е само почеток, и инвестициите ќе продолжат и во иднина,“ додава градоначалникот.

Појаснуваат дека ова е дел од пошироката стратегија за подобрување на инфраструктурата и животните услови во целата општина, со цел создавање на подобри услови за сите нејзини жители.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.