Приведено лице од скопско, возел со 1,88 промили алкохол

Вчера во 19.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода О.Ј.(47) од с.Стајковци, скопско.

 

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,88 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

 

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.