Со тунели и нов мост ќе се поврзува Скопје
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 24 Септември 2018
Со новото сообраќајно решение на Град Скопје од северниот до јужниот дел на главниот град, ќе се стигнува за 10 минути. Ова го предвидува големиот капитален проект на Град Скопје со изградба на тунели под Кале и нов мост преку Вардар, со што ќе се спојат двете страни на Скопје.
Со новото сообраќајно решение ќе се намали сообраќајниот метеж на мостот Гоце Делчев каде дневно поминуваат до 90 000 возила. Оската југ- запад ќе стане пофункционална, а се очекува голем дел од возилата кои транзитираат кон северните делови на градот да се движат по новоизградената сообраќајница.
Како што најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов тендерот за проектирање ќе биде распишан во текот на оваа недела во приближен износ од 500 илјади евра и со овој проект Градот Скопје го оформува вториот прстен.
Градоначалникот Шилегов додаде дека целта на Град Скопје со овој проект е да го поврзе булеварот Свети Климент Охридски со Пластичарска улица во Чаир. Булеварот ќе биде издигнат во висина од шест до девет метри. Потоа, од зградата на Владата на РМ сообраќајот ќе се одвива по нов мост преку реката Вардар кој ќе биде долг 173 метри, а широк 20 метри и ќе има четири сообраќајни ленти. Мостот ќе продолжува како вијадукт долг 262 метри се до влезот во тунелот под Калето.
Скопје за првпат ќе добие тунел долг 250 метри, а широк 20 метри. Од тунелот сообраќајот ќе продолжи на кружен тек издигнат пет метри, над Пластичарска улица.
.be
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс