Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред

Град Скопје во соопштение до јавноста се оградува од активностите на Првиот скопски извиднички одред кои предизвикаа реакции.

Сакаме да информираме дека во проектната документација доставена до нас, ја нема наведено спорната активност ниту имаат доставено каква било информација која би укажала на одржување на истата, информираат од градот.

 

Дополнително, учесниците на настанот учествувале во приватна режија и не биле организирани од училиштата. Имајќи предвид дека настанот кој се случил предизвика лавина негативни реакции во јавноста и не шокираше и нас како институција, Град Скопје го прекинува договорот со Првиот скопски извиднички одред.

 

Ја споделуваме загриженоста и осудите од страна на стручните лица и општата јавност и се согласуваме дека сексуалното образование не може да се спроведува од ентузијасти туку исклучиво од професионалци во областа, се вели во соопштението од Град Скопје.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.