Интензивно се работи на фекална канализација за дел од Кадино
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 23 Ноември 2024
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид во изградбата на фекална канализација за дел од населеното место Кадино, во Општина Илинден.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски во рамки на проектот се гради примарна мрежа со припадни краци на фекалната канализација за дел од населеното место Кадино во вкупна должина од околу 3500 метри, од кои досега се изградени 730 метри и се поставени 19 шахти. Оваа мрежа на фекална канализација преку препумпен уред и потисен цевковод ќе се поврзе со веќе изградената пречистителна станица во н.м. Кадино и ќе ги опфати домаќинствата кои немаат фекална канализација, а се наоѓаат во еден од најниските делови на населеното место и припаѓаат во источниот и јужниот дел од Кадино.
На овој дел од фекална канализација која во моментов се гради предвидено е да се приклучат приближно 100 домаќинства, додека останатите ќе бидат опфатени во наредниот период со изградбата на останатите фази од овој проект, со што населеното место Кадино ќе биде целосно покриено со систем на фекална канализација.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс