Културно лето во Кисела вода: во сабота наутро семеен ден во парк “Македонија”

Културното лето на Општина Кисела Вода е во полн ек.

 

Утрешниот, саботен ден во кој и официјално Кисела Вода го прославува својот роденден, започнува под насловот Семеен.

 

„Од 10 часот, во паркот Македонија, веднаш до домот на култура” Билјана Беличанец”, ги покануваме сите дечиња со нивните родители, да дојдат и да уживаат во предвидените содржини. Настанот ќе го отворат “Данса Латина Стефи”, по што следи интерактивна музичко-драмска претстава од популарните “Триангл”. Ќе има настапи и од децата од градинките и училиштата во општината, а за сето време, ќе се одвиваат семејни спортски активности. Бесплатно ќе биде достапна фото кабина за сите посетители, па ќе можат од настанот да си понесат фотографија за спомен. Просторот ќе биде опремен со реквизити, трамболини, а за уште повеќе забава се ангажирани кловнови и пантомимичари“, истакнуваат од Општина Кисела Вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.