
Објавено фототипно издание на „Бели мугри“ од Кочо Рацин
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 02 Јуни 2025

„Македоника литера“ деновиве објави фототипно издание на првото издание од 1939 година на култната книга на Кочо Рацин, „Бели мугри“.
Книгата, во тираж од 400 примероци, колку што било печатено и оригиналното издание во 1939 година во Самобор, Хрватска, беше публикувана по иницијатива, со поддршка и подарок од академик Горан Калоѓера од Хрватска за македонските читатели и почитувачи на делото на Рацин.
Горан Калоѓера е рацинолог, македонист и пријател на Македонија, автор на 25 македонистички книги, меѓу кои и две за Кочо Рацин. Со овој гест тој ја покажа својата посветеност на Рацин, на македонистиката, но и својата почит и пријателството кон Македонија.
Целиот тираж беше подарен за неполни 30 часа по информацијата на социјалните мрежи дека од печат излегува фототип на „Бели мугри“ и дека 400 примероци ќе бидат подарени преку издавачот „Македоника литера“. Ваквиот голем интерес покажува дека, и покрај многуте изданија на оваа култна книга на Рацин, која е една од најпечатените книги на македонски јазик, таа и натаму е многу популарна кај македонските читатели и дека е голема почитта за Рацин во Македонија. Поради големиот интерес, „Македоника литера“ деновиве ќе отпечати дополнителен тираж, кој ќе биде достапен за продажба.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
