Романот „Бусола" од Матијас Енар објавен на македонски

Романот „Бусола" од францускиот писател Матијас Енар, што ја доби наградата „Гонкур" во 2015 година, излезе од печат деновиве во издание на „Антолог" од Скопје. Преводот на македонски е на Владо Ефтимов.

 

За книгата се наведува дека е возбудлива и убедлива ерудиција, со зачудувачки референции на композитори од 19. век и езотерични ориенталисти. – Извонреден, моќен, музички роман, полн со горчливо-сладок хумор. Потрага по другоста, мостот помеѓу Истокот и Западот, вчера и утре, се посочува за делото.

 

Матијас Енар (1972) е француски автор. Главно пишува романи со арапска тематика. Студирал арапски и персиски јазик. Долго време живеел на Блискиот Исток и го истражувал. На почетокот на новиот милениум се преселил во Барселона, каде што ги пишува сите дела. Добитник е на многу книжевни награди, а неговиот роман „Бусола" е распродаден во повеќе од 300 000 примероци.

 

Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.