БЕСА: Груби и Ахмети не знаат кој пат да го одберат, па бараат помош од Еди Рама

„Линијата помеѓу тоа да се биде корисен во тесна ситуација, од една страна, и да се користи таквата ситуација во своја полза од друга страна, е многу тенка, затоа внимавајте! Артан Груби но и Али Ахмети секогаш кога се наоѓаат на раскрсница и не знаат кој пат да го одберат, односно како да се справат со моменталната состојба во Владата, тие бараат помош од Еди Рама или кратко кажано, го употребуваат албанскиот премиер за да им помогне да излезат од кризата“ се вели меѓудругото во соопштението од движењето БЕСА.

Оттаму посочуваат дека „Артан Груби и Али Ахмети, не знаејќи како да се извлечат од оваа политичка ситуација создадена во Северна Македонија, наводно иницирале средба со албанскиот премиер, уште еднаш користејќи го неговиот авторитет за да ги извлече од калта во која се потопени две децении“.

„Токму ова е причината што Движењето БЕСА и Билал Касами нема да седнат на маса со оние кои не успеваат да ја водат државата на прав пат. И сега наместо да излезат пред народот да се извинат и да распишат предвремени избори, тие повторно бараат помош од Еди Рама. Ние пред шест години присуствувавме на состанокот со Еди Рама, каде што ветивме дека ќе спроведеме некои точки од интерес за Албанците во Северна Македонија, но овој договор никогаш не ја виде светлината на денот. Затоа што вака одлучија Артан Груби и Али Ахмети. Неколку пати баравме заедничка средба на политичките лидери, но тоа не се случи. Побаравме и објаснување за неисполнувањето на овие точки што ги ветивме, што исто така не беше разјаснето. Сега се поставува прашањето зошто е потребно повторно да седнеме со овие луѓе, кога знаеме дека состанокот завршува без исполнување на договореното“ стои во соопштението.

„Многу брзо планираме средба со господинот Рама, но како сериозна партија, како партија која координира, а не како ДУИ кои средбата со албанскиот премиер ја користат за спас и лични интереси“ наведуваат од БЕСА.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.