Високиот советник на Стејт департментот денеска во Скопје

Високиот советник на Стејт департментот Дерек Шоле денеска ја започнува тридневната посета на Западен Балкан. Toj денеска прво ќе пристигне во Македонија, каде ќе разговара со владини претставници за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Потоа, Шоле ќе отпатува за Приштина, каде што со тамошните власти ќе разговара за напорите на САД да помогнат во унапредувањето на евроатлантската интеграција „преку дијалог со поддршка на ЕУ за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусирана на взаемно признавање“, соопшти Стејт департментот.

Шоле утре ќе престојува во Белград, каде со српското раководство ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристапување во ЕУ.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека ќе разговара и за „улогата на Србија во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност и нејзиниот континуиран ангажман во дијалогот што го води ЕУ со цел нормализирање на односите со Косово“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.