Протерани тројцата Бугари, меѓу кои пратеник: Добија времена забрана за влез во Македонија и казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија. Судот во Крива Паланка им изрече забрана за влез во Македонија во наредните три години. Ќе треба да платат и по 300 евра казна за сторениот прекршок.

Ваков е исходот од нивното изведување пред судија на претходна постапка.

Меѓу уапсените, а сега протераните е и пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев. Тој тврди дека бил тепан од полицајците, а тоа го пренесоа и медиумите од Бугарија. Од видеото споделено на социјалните мрежи се гледа само како тој е уапсен бидејќи не почитуваше наредба од службениците кои побараа од него да не снима, како и поплака зошто го апсат и да не го удираат.

Инцидентот се случи попладнево, кога тој и други граѓани останаа на границата „Деве Баир“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.