
ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот со прославата на Делчев, покажува системска неспособност
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Февруари 2023

Хаосот со прославата на раѓањето на Гоце Делчев покажува дека државата е во распаѓање и системска неспособност која се гледа во секоја од областите, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„ Срамно е тоа што поделбите и омразата се толку големи што одбележувањето на раѓањето на херојот помина во знакот на стотици ангажирани полицајци, хеликоптери, борни коли. Ова ли е заедничкото пријателство со Бугарија за кое СДС и ДУИ говорат. Постојани навреди, закани, омаловажувања кои доаѓаат од источниот сосед, додека Владата нема никаков одговор. Историска комисија чии позиции се сомнителни и без јасни ставови. Никој од јавноста не знае за што се преговара и кои се македонските позиции.
Како што се неспособни од власта на Ковачевски и Ахмети во економијата, енергетиката, стопанството, тие се неспособни и во менаџирањето на односите и во секој еден од сегментите водењето на држава.
Сликата на стотици полицајци како ги чуваат моштите на Гоце Делчев од живите наследници покажува дека државата е на погрешна патека.
На погрешна патека сме и поради фактот што премиерот на државата Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби со останатата свита како криминалци се прикрадоа на гробот на Делчев далеку од народот кој остана зад барикадите. Тоа е поради фактот што не сакаат соочување со народот. Тоа соочување мора да дојде, и ќе се случи на изборите кои се решение на тоа да престане пропаста на државата“ велат од опозициската партија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
