Единствена Македонија: По примерот за албанските случаи, новиот министер за правда да бара ново судење и за 27 април
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 10 Март 2023
Новиот министер за правда од албанското малцинство продолжува со старата практика на претходни министри – Албанци да реагираат само за случаи во корист на Албанци, наведува политичката партија Единствена Македонија преку допис до медиумите.
Од партијата коментираат дека министерот уште не седнат во фотелјата, синоќа најави преиспитување на судски одлуки во кои се инволвирани само Албанци, а за неправедно осудени Македонци, како на пример, случајот „27 април“ – молк.
„Ова е уште една потврда дека прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните функционерски привилегии што ги добиваат Албанците ќе предизвикаат кај нив однесување во интерес на народот и државата. Ваквото во основа антидржавно и антимакедонско постапување, законите да важат за сите, но не и за албанците, мора да престане“, наведе партијата.
Единствена Македонија и македонскиот народ ќе бидат силно изненадени во позитивна смисла доколку новиот министер за правда не демантира и се одважи да бара ново и фер судење и за неправедно осудените за 27 април, се додава во соопштението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс